И во Македонија денеска се одбележува 12 јуни –Светскиот ден против злоупотреба на детскиот труд. Годинава одбележувањето е под мотото „Да ставиме крај на злоупотреба на детскиот труд во домаќинствата“.
Целта е да се подигне свеста и да се потенцира маката на 15,5 милиони деца низ светот - домашни работници што е повеќе од четири проценти од сите деца чиј труд се злоупотребува.
Во Република Македонија, според оценката на Првата детска амбасада „Меѓаши“, состојбата со злоупотребата на детскиот труд се уште е алармантна, иако државата е потписник на Конвенцијата против најлошите форми на злоупотреба на детскиот труд. Актуелен е проблемот со децата на улица чија бројка, според истражувањата спроведени од страна на Министерството за труд и социјална политика, е во постојан пораст и изнесува околу 2.000. Една од причините поради која децата се злоупотребуваат е и сиромаштијата поради која тие го напуштаат училиштето и почнуваат да питаат и собираат пластични шишиња помагајќи му на тој начин на семејството.
Злоупотребата на детскиот труд не значи само физичка работа, туку и комерцијална и сексуална злоупотреба, како и трговија со деца и деца војници. Во светот има приближно 246 милиони деца на возраст од 5 до 17 години чиј труд се злоупотребува, а од нив околу 186 милиони се деца на возраст под 15 години, додека 110 милиони се деца под 12 години кои работат со полно работно време и во лоши работни услови.
Меѓународниот ден против злоупотребата на детскиот труд се одбележува со низа манифестации во околу 60 земји од светот. Некои од најголемите светски музичари се приклу

Додади коментар