Цената на бензините и во наредните две недели не се менуваат

Малопродажните цени на бензините и на дизелот остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

И во наредните две недели еуросупер БС 95 ќе се продава по 62,50 денари за литар, еуросупер БС 98 по 64,50 денари за литар, еуродизелот по 50 денари и екстра лесното масло за домаќиснтво по 38,50 денари за литар.

Со одлуката на Регулаторната комисија се намалува малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 20,08 денари за килограм.

Курсот на просечната цена на суровата нафата на светскиот пазар изнесуваше 47,2 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 55,06 денари.



Share

Додади коментар