Финансиска подршка за средношколци од социјално загрозени семејства

12 илјади денари ќе им се доделат на средношколците кои потекнуваат од семејства во социјален ризик, приматели на социјална помош доколку редовно посетуваат настава. Државата го објави јавниот повик, а граѓаните можат да аплицираат до 30 септември во центрите за социјални работи.

 

За да се реализира оваа активност за учебната 2016/17 државата има обезбедено средства од 72 милиони денари, а ќе бидат бидат подржани 6000 средношколци.

-Се предвидува ова парично право да се рализира квартално со исплата на финансиската поддршка на мајките на децата. Сите оние кои што редовно посетуваат настава, посетуваат повеќе од 85 % на часовите ќе  добијат дополнителна финансиска поддршка, рече  министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

 

Досегашните корисници на условен паричен насоместок потребно е за оваа година повторно да аплицираат во Центри за социјална работа.

-Оваа програма се реализира од учебната 2010/2011 година . Досега се рализирани вкупно 409 милиони денари или финансиски се поддржани околу 46000 корисници на право на условен паричен надоместок, рече Спасов.



Share

Додади коментар