УХМР: Утре не очекуваат обилни врнежи од дожд

Утре под влијание на циклонска активност во Јонското Море, времето ќе биде облачно, во текот на целиот ден со врнежи од дожд кои прво ќе започнат во јужните и западните делови.

 

Уште претпладнето ќе се прошират насекаде и претежно ќе бидат со умерен интензитет, што ќе придонесе вкупната количина на наврнат воден талог на места да биде над 50л/м2.- информираат од УХМР.

 

Во петок претпладне дождовите ќе престанат и во следните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневните температури кои во недела ќе се движат од 14 до 20 степени.



Share

Додади коментар