УХМР: За викендот врнежи од снег

Поради продор на многу студена воздушна маса од север денеска попладне ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови и ќе услови значително заладување. Во деновите од викендот ќе биде многу студено со врнежи од снег. На планините ќе се зголеми снежната покривка. Утринските температури на места ќе се спуштат и до минус 12 степени, а и дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.

 

УТРЕ: Сончево со мала до умерена облачност, ветровито и студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Температура до -4 до 5 степени.



Share

Додади коментар