Како што стои и во прирачникот за заштита од земјотреси на ОСЦЕ, првата работа што треба да ја сторите кога ќе почувствувате немирно тло е да застанете под носечките ѕидови на домот, да седнете под масата, како и да го покриете своето лице со рацете.
-Одалечете се од стакла, прозорци и други предмети кои би можеле да паднат. Доколку се наоѓате во кревет, симнете се долу и заштитете ја главата. Останете дома додека не престане земјотресот и не излегувајте се додека не е целосно безбедно. Нашите истражувања покажаа дека најмногу повреди се случуваат кога луѓето се обидуваат да излезат од зградата за време на земјотресот - стои во прирачникот на оваа организација.
Од таму велат дека исто така можете да излезете на отворен простор, но сепак на безбедна далечина од големи објекти.

Додади коментар