СЛЕДУВА УШТЕ ПОЛАДЕН ПЕРИОД: Наутро очекуваме температури до, па и под -10 степени!
05-02-2025 РЕГИОН


Територијата на нашата Република Македонија до крајот на оваа седмица ќе биде под влијане на многу ладен воздух од истокот  и од североистокот на Европа, кој особено ќе го чувствуваме во ноќните  и во утринските часови кога минималните температури на воздухот насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата.



Особено во Беровскиот регион, повисоките места, планините, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри температурите наутро ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени. Преку ден пак температурите ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 9 степени. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност, а до крајот на денов ќе засилува ветер од северен правец, особено изразен Долж Повардарието.




Само да напоменам, краткотрајно повеќе облачност ќе имаме во петок, кога особено во југоисточните предели ќе има појава на слаби локални врнежи од дожд или од дожд и од снег.



Што се однесува до Кавадарци и околината, исто така до крајот на седмицава ќе имаме претежно ладно и суво време, особено ладно во утринските и ноќните часови. Краткотрајно повеќе облачносст во овој дел ќе има во петок, кога е можно сосема слабо провенување на дожд, или мешавина од дожд и од снег.



Шт се однесува до температурата, во Кавадарци и околината наутро таа ќе се спушта до околу -2 степени, а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 5  и 7 степени. Само до крајот на денешниот ден повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

 

Славчо Попоски



Share

Додади коментар