Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција најави дека од утре ќе почне тестирањето на вработените во градинките за коронавирус. Нагласи дека, додека трае тестирањето, треба да се прецизираат критериумите за работа на градинките по нивното отворање.
– Ќе се тестираат близу 2.000 вработени. Очекувам дека за околу една недела целосно ќе заврши оваа постапка, а во меѓувреме ќе може да се прецизираат критериумите за нивно враќање во функција – рече Филипче.
Тој најави олабавување на заштитните мерки против коронавирусот, за што ќе дискутира Владата.
Што се однесува до намалувањето на полицискиот час тој кажа дека за тоа ќе се дискутира на седница на Владата и после тоа ќе бидат објавени одлуките.
„Во однос на времето, во однос на полицискиот час ќе дискутирме на седницата на Владата со оглед на тоа што е кможно со олабавување на мерките со некои економски оператори коишто се враќаат во работа да е потребно некакво редефинирање на полицискиот час, но тоа ќе го соопштиме после седницата на Владата. Засега немаме стриктна препорака поолицикиот час дополнително да се скрати.

Додади коментар