Распишани превремените парламентарни избори

Од кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски информираа дека тој денеска  го потпишал  решението за распишување на предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 11 декември

.
„Со овој чин, мандатот повторно му го враќаме на народот, кој е единствениот, врховен и најлегитимен авторитет да суди, да оценува и да одлучува која политичка опција треба да ја добие честа, но и обврската да ја води нашата држава. Во меѓувреме, Република Македонија ќе влезе во еден сложен период на засилена активност на политичките партии, кој, искрено верувам, ќе помине во една зрела, достоинствена и одмерена атмосфера чиј врв ќе бидат изборите на 11 декември“, стои во соопштението.
По потпишувањето Решението ќе биде доставено до Државната изборна комисија (ДИК). Се очекува ДИК попладнево да одржи седница на која ќе го утврди роковникот за спроведување на изборите.

 

Денес МВР треба до ДИК да го достави Избирачкиот список.



Share

Додади коментар