Промовиран првиот „job market“ во Македонија

Моментално во Македонија има 4851 слободни работни места и истите можат да се погледнат на веб страницата avrm.gov.mk. Додека бројот на активните баратели на работа во Македонија изнесува 95.279 лица. Ова меѓу другото беше речено на денешната промоција на новиот сајт на Агенцијата за вработување.

-Станува збор за нов  веб сервис avrm.gov.mk на Агенцијата за вработување, односно за новиот сајт на којшто за прв пат на едно место ја имаме понудата и побарувачката и коешто во светот е познато како job market. Овој портал  ќе биде од големо значење во концептуална смисла за сите  оние коишто бараат работа, и оние коишто нудат работа. На овој начин сакаме да дадеме придонес кон подобрување на информираноста за можностите за вработување и мотивираноста на граѓаните за барање на работа, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Со овој проект ќе се овозможи брз и релевантен извор на информации од прва рака, добивање на информација во секое време и следење на огласите за работа на ефтин и едноставен начин.

.



Share

Додади коментар