Центарот за јавно здравје деновиве излезе со низа препораки за заштита на здравјето на населението од студеното време.
Во зимскиот период:
* Вакцинирајте се навремено против сезонски грип (особено важи за лица над 60 години, и хронично болни лица)
* Редовно земајте ја пропишаната терапија и консултирајте го Вашиот матичен лекар.
* Пијте топли напитоци.
* Јадете доволно бидејќи тоа ја одржува температурата на телото.
* Избегнувајте алкохол бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија.
* Во случај на настинка и потешкотии на дишењето, обратете се кај Вашиот матичен лекар.
* Проверете го времето и временската прогноза и одберете соодветна облека.
Во случај на екстремно ниски температури:
* Избегнувајте физичка активност на отворено.
* Користете топла, повеќеслојна облека и соодветни обувки за снег и мраз.
* Внимавајте на лизгави површини.
* Размислете за набавка на основните лекарства и намирници порано, да ви ги достават, или пак да прашате пријател или сосед за помош.
* Избегнувајте да излегувате надвор освен ако не е неопходно
* Бидете активни и движете се во затворени простории, колку можете повеќе.
* Проверете го греењето во домот. Најмалку една соба треба да ги исполнува препорачаните собни температури (18 – 21OC).
* Доколку сте во можност помогнете на членовите на фамилијата, соседите или пријателите кои спаѓаат во ризичните групи на население (постарите лица или оние со белодробни заболувања). Доколку забележите лице од ризик од студено време (бездомник, деца на улица и сл) пријавете на телефон 195-Центар за управување со кризи или нa 194- итна медицинска помош.
Информации за ранливите групи на население:
* Постарите лица имаат потреба од потопла облека бидејќи тие создаваат помалку топлина за своите тела.
* Бебињата се повеќе подложни на ладење, затоа треба да се проверува дали се загреани (дланките и стапалата треба да се топли).
* Доколку имате срцева или белодробна здравствена состојба, избегнувајте тешки вежби на ладни температури, и облекувајте се соодветно (заштитете ги вашите глава, дланки и стапала). Земајте ги вашите лекарства редовно; доколку користите инхалатор, вдишете од истиот пред да излезете на ладно.
* Доколку имате дијабетес, вашите дланки и стапала може полесно да се повредат или, при екстремни услови, да страдаат од смрзнатици, затоа внимавајте да останат загреани.
* Доколку имате артритис, можете да дојдете до заклучок дека ладното ги влошува вашите симптоми. Ќе помогне доколку ги загревате повредените зглобови, и можеби ќе треба да ги приспособите вашите лекарства.
* Обрнете особено внимание на оние кои живеат сами.
Домување и греење при ладно време:
* Доколку дојде до прекин на греењето за време на екстремно ниски температури, внатрешните температури се намалуваат и за само неколку часа просторијата станува ладна. Доколку ладењето продолжи, ќе се достигне внатрешна температура од +10°C.
* При внатрешна температура од +10°C, здрав човек може да ја одржи својата телесна температура доколку се облече во топла облека. Со соодветна облека и ќебиња, здрав човек може да спие на ваква температура.
* Доколку внатрешната температура падне под 10°C, на луѓето им е потребна енергија која ја создава мускулното ткиво со цел одржување на телесната температура.
* За ранливите поединци беше препорачана внатрешна минимална температура од 20°C, додека температурите од 12°C се сметаа за ризик по здравјето за истите.
* При температури под 16°C постои зголемен ризик од респираторни инфекции, додека при температури под 12°C постои зголемен ризик од голем напор врз кардиоваскуларниот систем (Колинс, 1986).
* По 2 часа или повеќе на помалку од 6°C, длабоката внатрешна температура опаѓа и постои ризик од хипотермија.

Додади коментар