Предвремените парламентарни избори закажани за 27 април

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски  денеска го потпиша решението за  распишување на  предвремените параламентарни избори за пратениците во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат на 27 април 2014 година, односно на истиот ден со вториот круг на изборот за претседател на Република Македонија.

Решението за распишување на предвремените избори Вељаноски го потпиша откако вчера Парламентот со 117 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ се самораспушти.

Тој истака дека решението ќе биде доставено до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за надворешни работи и до Министерството за правда. 



Share

Додади коментар