Православните Христијани денеска го слават Свети Никола

Денеска е Свети Николај архиепископ Мирликиски, зaштитник на патниците и на морепловците.

 

Многу македонски семејства за свој домашен заштитник го имаат свети Никола и неговиот ден го празнуваат со многу свечености.

 

Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.

 

Истражувачите на народниот живот истакнуваат дека многу елементи од обичаите и верувањата поврзани со Св. Никола водат потекло од претхристијанско време, но дека се задржани сите обреди, обичаи, жртвувања, и сл. кои биле поврзани со некогашниот претхристјански јунак на морињата, водите и ветровите.



Share

Додади коментар