Попладне пороен дожд и грмежи
Во Македонија во вторник претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со поинтензивни врнежи од дожд и грмотевици. Mожна е појава на град. Локално може да наврнат и над 20 литри дожд на метар квадратен.  
 
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер,  а во западните предели ќе умерен североисточен ветер. Утринските температури од 8°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 21°C односно до 30°C. 
 
Во Скопје во вторник претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 13°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 27°C.
 
Во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува засилен северен и северозападенн ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 10°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 17°C односно до 26°C. УВ индекс 5.
 
Во четврток претпладне ќе биде претежно сончево, попладне нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури од 9°C до 17°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 20°C до 29°C. УВ индекс 6.

 http://weather4all.com.mk



Share

Додади коментар