Денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 8°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 19°C односно до 28°C. УВ индекс 5.
Утре ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Попладне нестабилно со локални врнежи од дожд ќе биде во северозападните и западните предели, како и во североисточните предели. Ќе дува умерен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 8°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе достигнатг до 20°C односно до 29°C. УВ индекс 7.
Во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Услови за дожд во попладневните часови ќе има само во северозападните и западните предели.. Утринските температури од 9°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 22°C до 31°C. УВ индекс 7.
Од недела не очекува стабилизирање на временската состојва, па во периодот од недела до среда не очекува сончево и многу топло време. Најтопло ќе биде во понеделник и вторник кога се очекуваат максимални дневни температури од 28°C до 36°C и УВ индекс 8.

Додади коментар