Од утре започнува есента

Во 10 часот 21 минута и 33,26 секунди утре во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува есента. Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне пролетта.

 

На почетокот на есента, Сонцето ќе изгрее во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 18 часот и 32 минути. Денот ќе трае 12 часа и 12 минути.

 

Метеоролозите за првиот есенски ден најавуваат променливо облачно и потопло време со подолги сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, особено во источните и јужните делови на Македонија. Максималната температура ќе достиге до 28 степени.

 

Есента ќе трае до 22 декември во 05 часот и 48 секунди кога настапува зимата.



Share

Додади коментар