Од утре задолжително носење на зимска опрема во возилата
14-11-2015 МАКЕДОНИЈА
Сите возачи од утре имаат обврска за задолжително носење на зимска опрема во возилата.
Моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема“, се наведува во соопштението од МВР.
Доколку при контрола од полицијата се утврди дека не поседувате зимска опрема во возилото согласно новиот закон за безбедност во сообраќајот ќе заработите казна од 45 евра или ќе ви се впишат 25 казнени поени во возачките книшки.
Претходно казната беше 15 евра.

Додади коментар