ДИК денес го заклучи избирачкиот список откако ги доби последните информации за бројот на гласачи од Државниот завод за статистика.
Во посебните избирачки списоци се запишани 1.707.228 гласачи. Од нив на привремена работа во странство се 70.305, од кои 8.332 се пријавиле да гласаат во дипломатско конзуларните претставништа. Во избирачката единица 7 што ги опфаќа европските земји и Африка се пријавени за гласање 5.892 македонски државјани, во изборната единица 8 , која ги опфаќа Америка и Латинска Америка пријавени се 1.426, додека пак во изборната единица 9, Азија и Австралија се пријавиле 1.014 граѓани.
На 12 април, денот пред изборите ќе гласаат 1.706 граѓани затвореници, а членовите на избирачките одбори, кои се 294 граѓани, ќе гласаат на избирачкото место на ДИК пред заминување во македонските ДКП. Во избирачкиот список се запишани 39 внатрешно раселени лица.

Додади коментар