Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот трае до 5 септември и на истиот, освен тековните студенти, можат да се пријават и потенцијалните бруцоши, односно оние граѓани кои во меѓувреме ќе аплицираат за упис во прва година на факултет. За нив, во соработка со високообразовните установи до 20 септември ќе се проверува дали се примени како редовни студенти.
Условите и критериумите за остварување на правото се наведени на следниот линк.
Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/.
Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, може да се обрати до Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на министерството.
Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.
Додади коментар