Со низок животен стандард, висока невработеност, социјална исклученост и недовербата во институциите, се соочуваат околу 480 илјади млади Македонци на возраст меѓу 15 и 29 години, покажува последната анализата на „Реактор-истражување“, во рамките на проектот „Република млади“.
И во Македонија голем процент од младите живеат со своите родители. Најмногу поради високата невработеност како и ниските плати, младите не одлучуваат да си одат од родителскиот дом да почнат да живеат сами.
„За младите во Македонија финансиската независност изгледа како недостижно нешто ако се има предвид фактот дека половина од нив се невработени. Затоа, дури две третини се финансиски зависни од своите родители. Половина од младите невработени, поминале повеќе од една година во барање работа, што има негативни последици за нив и предизвикува лузни на професионален и на приватен план. Младите се соочуваат со низок животен стандард, корупција и слаба информираност и поддршка од државните институции“, стои во анализата. Се додава дека младите, за жал, како најуспешен модел за вработување ги посочуваат личните контакти, преку пријатели или роднини.

Додади коментар