Мицевски: Одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за посебна седница за разгледување на закони од петтиот пакет мерки

(интегрален текст) Откако денес на редовната координација, стана јасно дека парламентарното мнозинство нема да има 61 пратеник на седницата.
Како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, денес предложивме да се закаже посебна седница на која што ќе ги разгледаме законите поврзани со финансиските мерки поврзани со корона пандемијата, на седницата да учествуваме и законите од 5от пакет мерки да поминат. Овој наш предлог беше одбиен.


1.Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за Коронавирусот COVID-19 и спречување од негово ширење и заради висок ризик и зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија,
2. Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година,
3. Предлог законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и
4. Предлог на законот за изменување на Законот за данокот на личен доход,
Побаравме да бидат одделени и ставени на посебна седница со цел овие закони со оглед на тоа дека роковите одамна се поминати да се изгласаат, а со тоа да се помогне на граѓаните и на стопанството во оваа криза.

 


Денес, стана јасно кој блокира во собранието, денес стана јасно на кои не им е грижа за здравјето на граѓаните и кои се занимаваат со политиканство и злоупотреба на здравствената криза.

 


Додека смртните случаи од корона вирусот се зголемуваат, и кога на очиглед на јавноста се покажа дека оваа власт е крајно неспособна да обезбеди вакцини и да го заштити населението, СДСМ, Заев и Филипче единствено што ги интересира е како да профитираат од оваа криза и си играат со судбините на граѓаните, играјќи игри во кои наместо да работат за граѓаните, економијата и стопанството, тие се занимаваат единствено со тоа на секој можен начин, да избегнат одговорност ида ја обвинат опозицијата.

 


Законите од овој таканарешен петти сет на економски мерки не се блокирани од ВМРО-ДПМНЕ, тие се блокирани од СДСМ и ДУИ.
Доколку им беше навистина грижа за граѓаните немаше да го одбијат овој наш предлог експресно да се донесат овие закони.
Тие го користат овој пакет закони бидејќи знаат дека немаат кворум, нешто што е нивна обврска, туку сакаат да ја искористат опозицијата да им обезбеди кворум и на утрешната закажана седница да протуркаатштетни закони за кои треба да се дебатира бидејќи сметаме дека се штетни за граѓаните и државата.

 


Апелираме до пратениците од парламентарното мнозинство конечно да разберат дека во Собранието треба да се борат за интересите на оние кои што ги гласале, а тоа се граѓаните и овој пакет закони е за нивни бенефит, а не да бидат послушници на погубните политики креирани од Зоран Заев и СДСМ. 

 

 



Share

Додади коментар