Министерот за внатрешни работи информираше за состојбата со почитување на мерките за заштита од Ковид19
Благодарност до граѓаните кои ги почитуваат одлуките на Владата за ограничување на движењето како една од мерките за справување со корона вирусот.
 
 
Во однос на статистика која се однесува на почитување на мерките за ограничување на движењето на граѓаните од нивното воведување, па се до денес:
Вкупно 1322 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, 62 лица од нив се на возраст до 18 години и 42 лица се на возраст над 67 години.
 
 
Приведени се вкупно 519 лица, опоменати се 223 лица, а за останатите земени се податоци и ќе следуваат дополнителни мерки. Најголем дел од лицата се на територијата на СВР Скопје.
 
 
До основното јавно обвинителство до сега поднесени се вкупно 483 кривични пријави и 73 известувања.
 
Во однос на почитување на мерките за изолација и самоизолација:
До сега на 2405 лица им се издадени решенија за изолација, а вкупно 9793 лица пополниле изјава за самоизолација.
 
 
Во изминатиот период констатирани се 10 прекршувања на решенијата за изолација и 157 прекршувања на изјавите за самоизолација. Во оваа насока поднесени се вкупно 134 кривични пријави до основното јавно обвинителство.
 
 
Заклучно со денес во вкупно 25 објекти, сместени се 2099 лица во државен карантин.
 
 
Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесена е една кривична пријава и 25 известувања до основното јавно обвинителство кои се однесуваат на говор на омраза поврзан со COVID19.


Share

Додади коментар