МЗ:Комисијата за заразни болести предлoжи воведување полициски час во цела држава од 22 часот навечер до 5 часот наутро
08-03-2021 МАКЕДОНИЈА

Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае истиот.
Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект.
Владата на РСМ на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Додади коментар