Мал е процентот на осигурани имоти од елементарни непогоди

И покрај тоа што повеќе осигурителни компании во Македонија продаваат осигурителни полиси од елементарни непогоди, сепак граѓаните не покажуваат интерес да го осигуруваат својот имот. По катастрофата која се случи во Скопје со поплавите се почесто се разговара на оваа тема, дали вреди да се осигура имотот кој е создаван со години, а кој може да биде изгубен за миг поради елементарна непогода.

 

Податоците од осигурителните компании кажуваат дека под 10 проценти од домаќинствата во земјава имаат осигурување во случај на поплава, пожар или кражба. Причините за слабиот одзив се различни. Или немањето доволно пари или немањето навика го оставаат имотот неосигуран од катастрофи.

 

Од осигурителните комапнии истакнуваат дека граѓаните интерес за осигурување покажуваат дури откако ќе им се случи штета или пак настрадал имотот на нивни соседи или блиски.

 

Статистичките податоци покажуваат дека во Македонија се осигурени приближно 30.000 објекти за домување, од вкупно околу 600.000 домаќинства.

 

За да се осигура еден стан од 60 м2 со стандарден пакет на осигурување на имот на физички лица цената е околу 2500 денари годишно. Осигурителните комапнии дозволуваат оваа сума да се плаќа на рати, а секога година се дава и попуст доколку претходната немало штета во домаќинството.  Околу 3600 денари, пак, е осигурувањето на куќа од 80 квадрати.

 

Сеуште слаб е интересот за осигурување и кај земјоделците. И тие немаат навика да го осигуруваат земјоделското производтво од непогоди.

 

А.Д



Share

Додади коментар