Ковачевски: Рамазан Бајрам е празник на меѓусебна почит и разбирање, да продолжиме да градиме општество еднакво за сите
10-04-2024 МАКЕДОНИЈА

"На сите припадници на исламската вероисповед во нашата земја, им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам.
Во овие празнични денови, ви посакувам искрени желби за радост, спокој, благосостојба и духовна сила.
Рамазан Бајрам е празник на меѓусебна почит, солидарност и разбирање.Токму врз овие вредности, ние заедно го градиме нашето општество кое е еднакво за сите и токму со оваа наша посебност ја интегрираме државата во големото европско семејство на народи и држави", стои во честитката на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
СДСМ |
Центар за комуникации со јавноста |

Додади коментар