Извештај на ИЈЗ од 8 до 14 март: Расте бројот на нови ковид позитивни
16-03-2021 МАКЕДОНИЈА

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.708; 49,6%), со неделна инциденца – 438,4/100.000. Највисока неделна инциденца од 809,6/100.000 е регистрирана во Демир Капија.
Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 19,4 до 27,4%, или во просек 23,9%, идентично како минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.434, 26,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=1.064; 19,5%), 40-49 (n=977; 17,9%), 50-59 (n=916; 16,8%) и 20-29 (n=698; 12,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=116; 2,1%) и 10-19 години (n=251; 4,6%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.737 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 29,7% во споредба со минатата недела.
Пријавени се 129 смртни случаи од 21 град, 2,3 пати повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 110 лицa биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години и две лица од возрасната група 40-49 години.
На 17.02.2021 во Р. С. Македонија почна вакцинацијата против КОВИД19, а заклучно со 15.03.2021 вкупно се вакцинирани 5.061 здравствени работници.

Додади коментар