Денеска во Македонија ќе биде претежно облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд. Во попладневни часови локално ќе има разведрување. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури од 12°C до 21°C.
Во четврток во утринските часови ќе има појава на слаба магла а во текот на денот ќе биде претежно сончево, ветровито и топло. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 16°C до 25°C.
Во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне до 25 км/ч. Утринските температури од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 15°C до 24°C.
Во сабота во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 8°C до 16°C, а максималните дневни температури од 20°C до 29°C.
Појава на магла во утринските часови ќе има и во недела. Во текот на денот сончево и топло. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 21°C односно до 29°C.
Извор: http://weather4all.com.mk/

Додади коментар