По просечно топлото и релативно врнежливо лето во Република Македонија, денес на 22 септември, во 16 часот и 21 минути по средноевропско време, започнува есента. Овој ден на северната хемисфера е есенска рамноденица, а на јужната пак пролетна рамноденица (таму почнува пролетта), односно денот и ноќта траат подеднакво.
Всушност поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите зраци низ неа, денот ќе трае за околу 10 минути подолго (вистинска рамноденица ќе биде на 24-25 септември).
Есента ќе трае 91 ден и ќе заврши на 21 декември во 11 часот и 44 минути, кога кај нас и на северната хемисфера ќе започне зимата. Тоа значи дека до 21 декември, ноќта ќе се зголемува до 15 часа, а денот ќе се намали на само 9 часа.

Додади коментар