Територијата на цела Македонија денеска беше зафатена со температури од жолта (алертна) фаза. Температурите стигнаа до 40 степени, а УВ индексот беше 9.
Од УХМР информираат дека од утре ќе следи значителна промена на времето и пад на температуирата
Од утре попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено повеќе во северните делови на земјава, каде за кратко време се очекуваат и 30л/м2, а ќе има и силни електрични празнења и град.
Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата.
За време на викендот ќе преовладува претежно облачно, ветровито и доста свежо време со локални врнежи од дожд. Од понеделник се очекува повторно стабилизирање на времето со постепен пораст на температурата.
А.Д

Додади коментар