ВМРО-ДПМНЕ: предлог законот за финансирање на единиците на локална самоуправа поднесен од пратениците на СДСМ веднаш да се повлече

Проблемите со финансирањето на локалната самоуправа односно општините е евидентен. Тоа е проблем кој се провлекува години наназад, но својата кулминација ја доживува секогаш кога СДСМ е на власт.  Имено, централната власт т.е. Владата заглавени во својата безидејност и неработа во 2018 година префрлија 50 милиони евра на општините кои имаа неплатени долгови. На крајот на трет квартал 2018 година, општините и локалните установи должеле 97 милиони евра. Логично е денес по исплатата на тие средства долгот да се намали, а општините да работат поодговорно. Но градоначалниците на СДСМ се генератори на неплатени обврски, а фирмите со години чекаат исплата. Па така согласно извештајот од Министерството за финансии две години подоцна, односно септември 2020 година општините должат 70 милиони евра. За две години градоначалниците од СДСМ креирале нови обврски кои се неплатени во износ од 23 милиони евра или зголемување од речиси 50% - рече на денешната прес конференција Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ и побара повлекување на предложениот закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

 

 

 



Share

Додади коментар