Oд утре започнува второто полугодие во сите основни и средни училишта
22-01-2019 МАКЕДОНИЈА
Министерството за образование и наука соопштува дека второто полугодие од учебната 2018/2019 година започнува утре (23 јануари) и тоа за сите ученици од јавните и приватните основни и средни училишта во сите општини во Република Македонија.
Ваквата одлука доаѓа по препораките на Владата, односно на Министерството за животна средина и Интерсекторската работна група за следење на состојбата со амбиенталниот воздух.
Истовремено од Влада соопштуваат од утре (23 јануари) се укинуваат препораките и мерките околу загадувањето, распоредени како задолженија за различни институции.
Додади коментар