Oд денеска нов влажен бран

Под влијание на нов влажен бран  во текот на денешниот ден од запад постепено облачноста ќе се зголемува.

 

Во доцните попладневни и во вечерните часови ќе има повремени послаби врнежи кои на пониските места ќе бидат претежно од дожд, понекаде од дожд и снег додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат само од снег.

Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер кој Долж Повардарието ќе биде од југоисточен додека во западните предели од западен и од југозападен правец.

 

Поради јужното воздушно струење во текот денот  максималните температури ќе бидат во позначителен пораст и на многу места ќе бидат позитивни и ќе се движат во интервал од 0 до 5 степени.

Врнежите ќе се интензивираат во текот на ноќта кон сабота и во сабота претпладне и тоа во западните предели каде на пониските места ќе има врнежи од дожд и снег,  а на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат само од снег,  каде се очекува зголемување на снежната покривка.

 

Утре (сабота)  услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места од западните предели. Во јужните и во југоисточните предели врнежите ќе бидат со послаб интензитет и претежно ќе бидат од дожд.

 

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ



Share

Додади коментар