Почна снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“. Првата клапа се снима во Велес кај стариот мост. Тука се одигрува сцената, регата меѓу германска и бугарска војска.
Филмот ослободување на Скопје се работи по режија и сценарио на Раде Шербеџија. Познатиот актер има и своја улога, го толкува ликот на Ѓорѓија. Главната филмска улога во ликот на Зоран, ја има 10 годишниот Давид Тодосовски.
Три дена ќе трае снимањето во Велес - освен стариот мост, филмската екипа ќе го користи и манастирот Свети Димитрија.
Ослободување на Скопје е драматична приказна за војната и една невозможна љубов меѓу македонка и германски офицер..
Филмот се работи според истоимената драма на Душан Јовановиќ, претстава во која играл и Шербеџија..
Ослободување на Скопје има буџет од над 2 милиони евра.. Половина од парите ги обезбеди агенцијата за филм на Македонија. Премиерата на филмот е најавена за крајот на идната година.
Зоран Јаневски
Додади коментар