Поранешниот претседател на кавадаречките социјалдемократи и екс претседател на кавадаречкиот совет Ратко Грков денеска на прес конференција информира дека преминува во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што нагласи, не се сложува со трачерската политика што ја водела партијата и со повикот за братоубиствена војна. Грков рече дека како шеф на изборен штаб на СДСМ во Кавадарци во повеќе изборни циклуси и на изборите во 2014, СДСМ ги загубила изборите чесно и коректно.
„Сите избори во кои сум учествувал досега СДСМ ги изгуби чесно и коректно, но немаше храброст да призне поразот и се обиде да се служи со вакви трачарски политки кои немаат идеолошки концепт и имаат само намера да направат братоубиствена војна. Згрозен и огорлен од трачаската политка која ја води СДСМ, без идеологија и која се служи само со манипулации, која не води кон излез туку само кон нарушување на меѓучовечките односи и водени од каузата раздели па владеј, служејќи се со ниски методи на популизам, без концепт и излез за понуда за поубав живот за граѓаните, се решив да во овие тешки моменти за овие тешки моменти за државбата помогнам на луѓето и партијата ВМРО-ДПМНЕ која е македонска кауза и идентитет на македонскиот народ. Познавајќи ги лично луѓето кои ја водат СДСМ и оние кои чекаат како хиени да го поделат пленот врз основа на кавга и раздор меѓу македонскиот народ и луѓе кои се грижат само за себе а не и за народот, себични и и екоцентрични, осветољубиви и злобни и кој цел живот се служат со потези кои ја задират личноста на секој поединец, се одлучив да преминам во ВМРО-ДПМНЕ“ рече Грков.
Тој обвини дека СДСМ целосно била контролирана од Бранко Црвенковски кој лидерите ги третирал како параван за потоа тој да владее.
„Се решив да се отргнам и да ги прекинам конекциите со СДСМ и да се приклучам кон партијата која нуди иднина и прогерес и да помогнам во овие тешки моменти, кога СДСМ повикува на братуобиствена војна, а јас како долгогодишен член на СДСМ не ја препознавам иднината во политиката на ова партија“ рече Грков на прес конференцијата на која го најави напуштањето на СДСМ и преминот во ВМРО-ДПМНЕ.
Aнгел Данов
Додади коментар