Николовски: Финансиска поддршка за продадени количини домат, пипер и краставица
Преку Интервентната програма креираме мерка за финансиска поддршка за продадени количини на домат, пипер и краставица произведени под контролирани услови.
 
 
„Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се производители на домат и краставици во затворени простории за производство во контролирани услови и кои имаат поднесено барање по подмерка 1.6. „Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за производство под контролирани услови на домати, пиперки и краставици“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделство за 2023 година.
Висината на финансиската поддршка од оваа мерка изнесува 35 денари по килограм за домат кој е произведен и продаден во период од 5 април до 31 мај 2023 година и 30 денари по килограм за краставица која е произведена и продадена во период од 5 април до 15 мај 2023 година“ - вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.


Share

Додади коментар