Последната недела 613 нови болни од грип во Кавадарци
12-02-2014 РЕГИОН

Нови 613 случаи на болни од грип, најмногу за една недела од почетокот на сезоната се регистрирани изминатава недела во Кавадарци. Ова говори дека грипот и понатаму со зголемена динамика се шири меѓу кавадарчани.

Од Центарот за јавно здравје денеска информираа дека со последните регистрирани случаи на болни од грип вкупниот број за оваа сезона се исчачи на 1973 лица.

„Годинава имаме значително поголем број на болни од грип. Споредено со минатата година, оваа сезона бројот на болни е поголем за седум пати“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

Лекарите  очекуваат дека топлото време ќе го намали брзото ширење на грипот и дека оваа недела би требало да има помал број на нови заболени, но сепак нагласуваат дека тоа се само претпоставки и очекувања. А.Д



Share

Додади коментар