Хуман потег на момчето што го фати светиот крст во Кавадарци
20-01-2020 РЕГИОН

Светиот богојавленски крст денеска е на градскиот плоштад во Кавадарци. Дваесет и шест годишниот Александар Ристески од Прилеп, кој повеќе години живее во Кавадарци беше најсреќен меѓу десетмината млади кои скокнаа по светиот крст во водите на Луда Мара. Ристески се одлучил на хуман потег. Наместо парите кои ги оставаат граѓаните при целување на крстот да си ги земе за себе, ќе ги донира, на младо момче од селото Дреново.

 

 

Додади коментар