Тренчевска: Најдоцна до крај на ноември ќе се донесе пакет на антикризни мерки за повеќе целни групи

Најдоцна до крај на овој месец Владата ќе усвои пакет на антикризни мерки наменет за повеќе целни групи, меѓу кои и за пензионерите што примаат најниска пензија – најави  денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

 

 Во врска со барањата на пензионерите за линеарно покачување на пензиите по 5. 000 денари и за зголемување на минималната пензија на 18. 000 или до 20. 000 денари, го повтори нејзиниот став дека се работело за нереални барања што ќе ја загрозеле стабилноста на пензискиот систем. 

 

 Министерката посочи дека линеарно покачување по 5. 000 денари на сите 336 илјади пензионери ќе значи околу 324 милиони евра годишно само за ова нивно барање.

 

-Може да замислите, пак, колкава е фискалната импликација за 20. 000 или 18. 000 денари за минимална пензија. Ова се барања кои се нереални со оглед на состојбата на пензискиот систем.   Тој е стабилен, но со каква било интервенција на пензискиот систем ќе ги доведеме во ситуација идните генерации кои треба да бидат пензионери да не можат да добијат пензија, а ќе ја доведеме во прашање и исплатата на пензиите и на овие 336 илјади пензионери“ изјави Тренчевска, нагласувајќи дека мора да се води грижа за стабилноста на пензискиот систем и дека оваа влада навреме ги исплаќа пензиите на секој 1 ви во месецот.

 



Share

Додади коментар