Повреден тракторист во Сирково

 

Шеесет и шест годишниот В.Ј од село Сирково вчера околу 7 часот се здобил со тешки повреди, откако го прегазил тракторот кој го управувал.

 

При обид да ја закачи товарната приколка на неговиот трактор марка „ИМТ 533“, во нива лоцирана во непосредна близина на с.Сирково, изгубил контрола над тракторот и истиот почнал да неконтролирано да се движи, паднал од него, по што, бил прегазен од истиот и се здобил со Тешки телесни повреди.

 

„По укажаната лекарска помош во ЈЗУ Општа болница - Кавадарци поради карактерот на повредите е пренесен на лекување во Клинички центар - Скопје. Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

А.Д

                              

 

 



Share

Додади коментар