Неготино го одбележува денот на ослободувањето
08-11-2019 РЕГИОН

Со прием на гости од земјава и странство и положување на свежо свеќе од страна на повеќе делегации на спомен-бистите на паднатите борци во НОВ започна одбележувањето на Денот на ослободувањето на Неготино, 8-ми Ноември.

 

Празнувањето продолжи со одржувањето на свечената седница на Советот на општината која ја отвори и присутните ги поздрави претседателот Диме Витанов, а пригодно обраќање за значењето на денешниот празник имаше градоначалникот на општина Неготино Тони Делков.

 

На свечената седница присутните имаа можност да проследат аудио-видео материјал за реализираните проекти и активности на општина Неготино помеѓу двата празника, по што се пристапи кон доделувањето на наградата и признанијата по повод Денот на ослободувањето.

 

 

 

Според одлуката на Советот на општина Неготино годинашни добитници на осмоноемвриските признанија се Дионис Пашлаков од општествено-промотивна и туристичка дејност, Страшо Андов од хуманитарната дејност, Роберт Ристов од областа на културата и Марија Јанева од областа на спортот. Највисоката награда 8-ми Ноември постхумно му беше доделена на Лазар Димов од областа на општествено политичката дејност. Свечената седница заврши со мини-концерт на Пламенка Трајковска „Гудачко трио“.

 

 

Додади коментар