Кривична пријава за лихвар од Кавадарци кој наплаќал камата од 200%

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Н.Н.(28) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,лихварство“.

 

Во периодот од јануари до август 2019, пријавениот со усмен договор во повеќе наврати на Н.Г. му давал пари на заем, при што му пресметувал камата од 200% на месечно ниво, со што стекнувал несразмерна имотна корист.

 

Н.Н.(28) од Кавадарци позајмувал пари и пресметувал камата од 200% на месечно ниво.



Share

Додади коментар