Заедничка средба со министерот за земјоделство на која би биле присутни визбите и откупувачите на грозје пред празникот Свети Трифун бараат од регионалното здружението „Тиквешки лозаро овоштари“. Тие во писменото обраќање до министерот нагласуваат дека ваква средба е потребна за да се каже планираната количина за откуп на винско грозје, со која шеќерност и цена по килограм за реколта 2023.
„Веднаш да се донесе закон со кој ќе се гарантира минималната откупна цена на грозјето по шеќерни единици, за вранецот да се плаќа 20 денари за 18 шеќерни единици, а за смедеревката 18 денари за 16 шеќерни единици“ бараат од здружението.
Исто така, во обраќањето до министерот тие бараат и обештетување за пролетното измрзнување на лозовите и овошните насади во тиквешкиот регион во 2021 година и обештетување за лозовите и овошните насади во реоните на неготинско и село Сопот од невремето со град. Од “Тиквешки лозаро овоштари“ исто така бараат исплата на редовните субвенции за одржување на лозовите и овошните насади по хектар површина да бидат исплатени до празникот Свети Трифун, но и итно да се исплатат средствата наменети за регистриран млад земјоделец.
„ Од ваша страна беше соопштено дека ќе има историско покачување од 30% на цените на винското грозје предадено во винарии, но тоа не се случи. Грозјето се откупуваше по цена за Вранец 12ден./кг и Смедеревка 10,5ден./кг исплата за 7 дена. Лозарите бараат обештетување за продаденото грозје по пониска цена од договорената, односно: Вранец 15ден./кг и Смедеревка 13ден./кг“ му пишуваат од здружението на министерот Николовски и исто така се бара исплаќање на ветените 2 денари за килограм грозје за сите вински сорти и продадено во гајба за извоз најдоцна до 30 април годиинава.
A.Д

Додади коментар