Еднакво право за еднакви можности.

Општинското основно училиште „Димката Ангелов Габерот“ од Ваташа од мај минатата година е член на  асоцијацијата здружени училишта во заеднички проекти или Associated Schools project  под закрилата на Унеско и рамноправно се вбројува меѓу 7000 училишта од 176 земји од целиот свет.

Целта на оваа училишна мрежа е е пред се образование за сите, константно развивање на образованието и образовниот систем  како и борба против сиромаштијата. Придобивките за учениците вклучени во оваа асоцијација на Инеско е продлабочување на знаењата, запознавање и разбирање на другите култури, размена на искуства  со училиштата од целиот свет и можност за развивање на одговорност и разни вештини.Од 4. до 10. мај во се спроведува глобална кампања за образование.

Според зборовите на директорката на училиштето Јанушка Милкова, оваа недел се спроведува акција образование за сите деца. Годинава кампањата е фокусирана на тема: Образование и попреченост под слоганот- Еднакво право за еднакви можности. Овој настан , смета Милкова ќе ги нагласи длабоките предизвици со кои се сооочуваат лицата со хендикеп во остварувањето на нивните права во образованието.

            Во текот на изминатава година учениците од основното училуште „Димката Ангелов Габерот„ од Ваташа  во рамките на мрежата е-твининг училишта  учествуваа и во други проекти. Еден од нив  е и проектот по повод 29 септември на тема : „Да ги прославиме разновидните европски јазици“ заедно со училиштата од Франција, Шведска, Полска, Грција и Холандија. Под менторство на наставничката Невенче Манева  учениците изработиле честитки кои меѓусебно си ги испраќале со желби напишани на повеќе европски јазици во кои е вброен и македонскиот јазик. Во оваа пригода заслужува внимание и одбележувањето на вториот Ено-ден за садење на дрво  кој ќе се организира

По повод прославувањето на 10 годишнината од садењето на дрва заедно со натпревар односно дрвоолимпијада насловена како „Дрва за живот“ која ќе се одржи на 22мај денот на биоразновидност. Да потсетиме дека првиот едно-ден се одржа на 21 септември кога се одбележува денот на мирот.  За успешноста на проектот учениците кои во него активно учествуваат ги бројат сите засадени дрва од 20 март денот на среќата па се до 24 октомври светскиот ден на детето.

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар