Осум месечно бебе почина, а седуммина други патници се повредени во тешката сообраќајна несреќа што утрово околу 7.20 часот се случи во местото викано „Арсова лака“ на патот Демир Капија-Удово.
Според првичните информации, поради непрописно претекнување дошло до директен судир помеѓу „Форд фиеста“ и „Шкода фабиа“ со српски регистарски ознаки. Во двете возила имало осуммина патници. Сите биле повредени, а бебенцето им подлегнало на повредите на пат до болницата во Велес, останатите повредени биле примени во велешката болница, а потоа дел од нив биле пренесени во Клинички центар Скопје.
Од МВР ја потврдија несреќата и информриаа дека возилата од сообраќајната несреќа биле тргнати од патот по што сообраќајот е нормализиран.
А.Д
Додади коментар