Постојаните напади насочени кон мене се само најава за црната кампања што ја подготвува тајниот оперативен штаб за пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова го изјави носителот на листа на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во ИЕ 4, д-р Венко Филипче кој денеска беше во посета на Гевгелија во рамки на неговите редовни активности во овој регион.
„Информациите се дека подготвуваат и фабрикувани кривични пријави со цел да ме замолчат или заплашат. Им порачувам дека таквите стратегии само ќе ги влечат повеќе кон дното. Притисоците воопшто не ме плашат, а не треба да се грижат ни граѓаните. Тајните оперативни планови со кои ја фабрикуваат реалноста не поминуваат. Граѓаните одамна го изгубија стравот од ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволат пак да бидат изманипулирани“, изјави Филипче.
Ваквата реакција во спротивниот табор е резултат на фактот дека состојбата се менува, што го гледам од моите секојдневни средби и разговори со граѓаните на терен. ВМРО-ДПМНЕ ќе се шокира од резултатот што неизбежно ги очекува во Изборната единица 4, вели Филипче.
„На терен се потврдуваат сомнежите за местените на анкети на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, Александар Николоски и ВМРО-ДПМНЕ веќе почнаа да бараат алиби за лошиот резултат кој ги очекува. Веќе десет дена од него не слушнавме ниеден конкретен проект, никаква конкретна понуда. За разлика од нив, ние веќе ги презентиравме клучните проекти и секојдневно сме на терен меѓу луѓето“, рече Филипче.
Наместо црна кампања, вели Филипче, тој ќе продолжи да ги презентира плановите за граѓаните, да се среќава со што поголем број на луѓе и да нуди помош и поддршка секаде каде што може.
„Ниту едена црна кампања не може да ги негира достигнувањата и делата што ги имам реализирано“, порача Филипче.
Филипче наведува дека во изминатиот период се сретнал со илјадници луѓе и ќе продолжи да бара поддршка затоа што ниту тој ниту СДСМ немаат од што да се срамат. Зад себе имаме реализирано успешни проекти и поважно, имаме искрени намери за иднината, вели тој во изјавата.
Додади коментар