ТРОЈЦА КАВАДАРЧАНИ ФАТЕНИ СО ФАЛСИФИКУВАНИ ПАРИ

Полициската страница Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.Ч.(27), Љ.Т.(30) и С.О.(20), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“.

 

Пријавените, делото го сториле во текот на јуни оваа година. Тие набавиле вкупно 193 банкноти од по 500 денари, сите со ист сериски број и 1000 денари со исти сериски број, по што ги пуштале во промет во Кавадарци и другите градови. Лицата се приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

 

 



Share

Додади коментар