Синоќа во 19.05 часот на железничка пруга Градско-Велес, на околу два километри пред влез во Велес, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје и патничко возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(22) од Куманово, кое претходно изетало од патот и паднало на пругата.
По незгодата возачот Б.Д. и сопатниците А.К.(25), С.К.(21) и тримесечно бебе, сите од Неготино и Ш.М.(27) од Куманово биле пренесени во Медицински центар Велес, при што кај возачот Б.Д. и бебето биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај останатите сопатници се констатирани телесни повреди. Во периодот од 19.05 до 23.40 часот за време на вршење на увидот железничкиот сообраќај бил во прекин - информираат од СВР Велес.
Додади коментар