Кавадарци испиша уште една успешна приказна под отворено небо. Заврши Тиквешки гроздобер 2024. Организаторот оцени дека годинава имаше рекордна посетеност, одлична забава и позитивна енергија. Кавадарци се покажа како вистински домаќин на илјадници гости.
Три дена Кавадарци беше центар на Македонија. Одлична забава, илјадници посетители, испиени неколку тони вино. Музичката понуда годинава беше за сите вкусови. Првата вечер за младите настап имаа Лара, Пајак и Реља. Во саботата настапија Милица Ризо, Огнен Здравковски и Милица Павловиќ. Третата вечер беше рекордна по посетеност, а за забавата беа задолжени Некст тајм, Барбара Поповиќ и Ацо Пејовиќ.
И годинава не изостана спектакуларниот огномет, а белег во приказната оставија винскиот карневал со голем број учесници од Кавадарци, Македонија и странство, но и детскиот карневал.
Се на се` може да се заклучи дека и годинава достојно се одбележа вековната традиција на овој крај, бербата на грозје.
A.Д
Додади коментар