Љубителите на пишаниот збор од денеска до 2 ри ноември ќе може да уживаат во седмиот по ред саем на книгата во Кавадарци. Истиот е традиција на градската библиотека Феткин која постојано го негува мостот со своите читатели. Саемот свечено беше отворен синоќа, а настанот се искористи и за пуштање во употреба на новите реконструирани простории на кавадаречката библиотека.
Саемот на книгата е во организација на библиотеката но со подршка на градоначалникот и советот на Кавадарци.Заложбите на советот се културните институции во градот секогаш да бидат пример за останатите.Се вложува во младите и нивниот извор на знаење потенцираше синоќа градоначалникот Александар Панов.
Панов гордо зборуваше за музејот во Кавадарци и градската библиотека, за стореното во овие две културни институции, но и за она што е направено во домот на културата каде како следен крупен чекор со 50,50 учество на општината ја најави замената на столчињата.Директорката пак на градската библиотека Феткин Трајанка Атанасова изрази благодарност што градот има градоначалник кој ги разбира потребите и несебично помага и ги најави издавачките куќи учеснички на саемот на книгата.
Во Кавадарци саемот на книгата за читателите останува отворен до 2 ноември. Слободно може да го посетите секој работен ден од 9 до 21 часот.
M.M
Додади коментар