ЧОВЕЧКО ТЕЛО ВО РАСПАЃАЊЕ ПРОНАЈДЕНО Е ВЧЕРА ПОПЛАДНЕ ВО РЕКАТА ВАРДАР КАЈ МОСТОТ НА СЕЛО НОГАЕВЦИ.. НЕОФИЦИЈАЛНО, СЕ РАБОТИ ЗА ТЕЛО НА МАЖ.. ЧОВЕЧКИОТ ТРУП БИЛ ВО НАПРЕДНА ФАЗА НА РАСПАЃАЊЕ.. ЛЕШОТ БИЛ ЗАКАЧЕН НА ГРАНКИ А ГО ЗАБЕЛЕЖАЛЕ СЛУЧАЈНИ МИНУВАЧИ.. ЗА ИЗВЕЛКУВАЊЕ НА ТЕЛОТО БИЛА ПОВИКАНА ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА.. ПО ОВЛАСТУВАЊЕ НА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ, НАПРАВЕН Е УВИД НА МЕСТОТО А ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО Е ПРЕДАДЕНО ЗА ОБДУКЦИЈА.. АНАЛИЗАТА НА СУДСКА МЕДИЦИНА ЌЕ ТРЕБА ДА ГО УТВРДИ ИДЕНТИТЕТОТ НА ЧОВЕКОТ..
ОВА Е ВТОР СЛУЧАЈ ГОДИНАВА ОД РЕКАТА ВАРДАР ДА БИДЕ ИЗВАДЕНО БЕЗЖИВОТНО ТЕЛО.. ВО АВГУСТ КАЈ МЕСНОСТА ЈАНИТАШ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН МАШКИ ТРУП И ПО НАПРАВЕНАТА ОБДУКЦИЈА СЕ УТВРДИ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ОД ВЕЛЕШКОТО СЕЛО СТАРИ ГРАД..
СПОРЕД ПОДАТОЦИТЕ НА СЕКТОРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАВА, ВО ВЕЛЕС ЧЕТИРИ ЛИЦА СЕ ВОДАТ ЗА ИСЧЕЗНАТИ.. ПРИЈАВЕНИ СЕ ВО МЕСЕЦИТЕ АПРИЛ, ЈУНИ, АВГУСТ И ОКТОМВРИ..
ПОСЛЕДНИОТ ИСЧЕЗНАТ Е 64 ГОДИШНИОТ ПЕНЗИОНЕР КИРО КИМОВ.. ТОЈ ПОСЛЕДЕН ПАТ БИЛ ВИДЕН НА 21-ВИ МИНАТИОТ МЕСЕЦ..
Зоран Јаневски
Додади коментар